Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Навивачите се враќаат во сала, Вардар оди на прва победа во ЛШ
Навивачите се враќаат во сала, Вардар оди на прва победа во ЛШ

Навивачите се враќаат во сала, Вардар оди на прва победа во ЛШ

Денес во рамките на 2.коло од ракометната Лига на Шампиони, Вардар е домаќин на Брест Мешков.

После подолго време, Вардар ќе има можност да игра пред своите навивачи, по новите протоколи во салата ќе биде дозволено присуство на 1.8000 гледачи, кои ќе бидат силна поддршка за црвено-црните во остварување на позитивен резултат.

Познат противник за Вардар, со оглед дека редовно се среќаваме со тимот на Брест Мешков, како во Лигата на Шампиони, така и во СЕХА-лигата. Двете екипи требаше да играат во 1/2 финалето на завршниот турнир во СЕХА, но поради одлуката на челните луѓе да биде исфрлен нашиот шампион заради еден позитивен случај на Ковид, не дојде до натпревар на Вардар и Мешков, затоа вечерва имаме шанса да стигнеме до победа во дуелот со белорускиот шампион.

Во пресрет на вечерашниот Вардар, и двете екипи се соочуваат со проблеми околу повредени играчи. Веселин Вујовиќ најверојатно нема да може да смета на услугите на Кудуз како и Чувара, па на позицијата лево крило ќе играме само со Дибиров, најавено е дека во составот се враќа голманот Ристовски. И тренерот на Мешков, вечерва на теренот ќе излезе без голманот Пешиќ, потоа Јака Малус, Павел Пачковски, Артем Селвасјук и Егор Будејка. Најголема опасност по нашиот гол ќе доаѓа од поранешниот вардарец, Сташ Скубе, како и од чешкиот репрезентативец, Кашпарек.

Двете екипи ја бараат својата прва победа во новата сезона во ЛШ. На отварање на сезоната, вардарци одиграа со нерешен резултат на гостувањето кај екипата на Елверум, додека Брест Мешков пред своите навивачи беше поразен од тимот на Кил.

Натпреварот ќе стартува во вечерниот термин од 20:45 часот со директен пренос на Арена Спорт 4.