Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе: Јас сум навистина среќен поради тоа што ќе го носам дресот уште три години!
Скубе: Јас сум навистина среќен поради тоа што ќе го носам дресот уште три години!

Скубе: Јас сум навистина среќен поради тоа што ќе го носам дресот уште три години!

Организаторот на играта словенскиот интернационалец Сташ Скубе ќе остане во Вардар до 2022 година. Скубе денеска и официјално го продолжи договорот со шампионот на Европа, а потоа и се обрати преку својот Инстаграм профил со зборовите:

„Јас сум навистина среќен поради тоа што ќе го носам дресот уште три години. Ќе се борам за нашите цели до крај” , напиша накратко Сташ Скубе.

Сезонава во ЛШ тој постигна 59 гола, а 44 во СЕХА Газпром лигата. Во финалето на СЕХА лигата против ППД Загреб имаше реализација 5/5, а во финалето од ЕХФ Лигата на шампионите реализација 3/5.