Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > Slider > Горпишин: Кога Дисингер ќе ви каже дека во Скопје е подобро отколку во Кил, тогаш нема за што да размислувате
Горпишин: Кога Дисингер ќе ви каже дека во Скопје е подобро отколку во  Кил, тогаш нема за што да размислувате

Горпишин: Кога Дисингер ќе ви каже дека во Скопје е подобро отколку во Кил, тогаш нема за што да размислувате

Рускиот репрезентативец, Сергеј Горпишин е едно од новите засилувања за Европскиот ракометен шампион, во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Играчот кој игра на пикерската позиција уште од порано беше најавуван како прво засилување за тимот, од Вардар го контактирале после завршување на Светското првенство, но русинот вели дека малку го заплашиле работите за можното распаѓање на клубот. Сепак подоцна добил ветување дека ситуацијата во Вардар е добра и дека може да биде претставен како ново засилување. Во изјава за медиумите во Русија, пикерот ја прокоментира ситуацијата околу неговиот трансфер во Вардар.

-После светското првенство Вардар ме контактираше и ме праша дали имам договор за следната сезона. Чекав совети од Дибиров и Дисингер кои ми кажаа се најдобро за Вардар, дека ме чекаат и дека се среќни во клубот. Бев загрижен кога ми се јавија од Вардар и ми кажаа дека може да преговарам со друг клуб затоа што иднината е неизвесна. Но, потоа добив нов повик, дека се ќе биде во ред. Брзо се средија работите и заборавив на тоа.  Кога Кристијан Дисингер ќе ви каже дека во Скопје е подобро од играњето во Кил, тогаш нема за што да размислувате.

Горпишин вели дека пред три години гледал ЛШ на телевизија, а дека сега сонот му се остварил со доаѓање во редовите на актуелниот Шампион на Европа.

-Се сеќавам дека пред точно три години ја гледав Лигата на шампионите на телевизија и учев ракомет од натпреварите. Сега ќе имам шанса да играм со најдобрите во Европа и да си го остварам сонот. Се се случи многу брзо, никој не очекуваше ваков расплет на мојата кариера.