Женскиот ракометен клуб Вардар во идната сезона ќе има нов тренер, бидејќи црвено-црните и кормиларот Симе Симовски нема да ја продолжат соработката. Селекторот на Македонија си заминува од тимот со кој работеше во последните пет години. Набрзо ќе дознаеме кој тренер ќе го замени на клупата, во тимот засега остануваат неговите помошници Драгана Ристова и Александар Царчев.
Нема да ја продолжиме соработката. Поминав пет убави години во Вардар. Соработувавме одлично, имав прекрасни услови за работа, но во моментов ми е потребен нов предизвик и заминувам. Во моментов нема ништо конкретно околу нов ангажман, но сигурно ќе има нешто во брзо време- Симовски во изјавата за 24.Ракомет.мк