Средниот бек на РК Вардар, Сташ Скубе, во интервју за „Балкан Хендбол“ рече дека Сергеј Самсоненко нема да биде во клубот од наредната сезона и дека наскоро ќе реши дали ќе остане и наредната сезона во Скопје.
„Јас сум оптимист и искрено се надевам дека работите ќе тргнат на подобро. Сакаме чесно до крајот да ја доиграме сезонава, па ќе видиме како ќе се развива ситуацијата понатаму. Она што го знаеме е дека Сергеј Самсоненко нема да биде во клубот, јас не знам да кажам што ќе се случува следната сезона тука. Скопје живее за ракометот. Имам договор уште две години, но знаеме дека тој договор во моментов и не значи многу. Можам да кажам дека наскоро ќе решам, а шансите се 50-50“, рече Скубе.
- Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.