Од следната натпреварувачка сезона во машката ракометна Лига на шампиони, ЕХФ се реши да го измени системот на натпреварување кој функционираше многу претходни години. Бројката на клубови кои добија можност да играат во групите, од 24 се зголеми на 28. Екипите ќе бидат поделени во четири групи, од кои “А“ и “Б“ по својот квалитет отскокнуваат од групите “Ц и “Д“.
Црвено-црните ги добија своите противници во групата Б, ќе бидат заедно со екипите на Барселона, Киелце, Рајн-Некар Ловен, Монпеље, Пик Сегед и Кристијанштад. Едно е сигурно дека новиов систем на натпреварување ќе донесе да се гледаат поголем број на квалитетни и возбудливи натпревари во групите А и Б. Ракометната јавност и публиката ќе има можност да ужива во многу силни натпревари и речиси секое коло ќе биде дерби дуел. За противницте на Вардар не е потребно да се трошат многу зборови.
Барселона е актуелен европски првак, која можеби по заминувањето на Карабатиќ ќе се чуствува малку ослабена, но и понатаму има доволно квалитетни поединци кои можат да одговорат на задачите на тренерот. Киелце е наш стар должник од сезоната која помина, во едни тешки два натпревари Полскиот првак имаше повеќе сили да се пласира на завршниот турнир. Таму го освои третото место, откако беше подобар од Германски-Кил. Ќе имаме повторно можност да ги испробаме силите и со германскиот бундеслигаш, екипата на Рајн-Некар Ловен. Германците не поминаа многу добро во дуелите со црвено-црните, па сигурно имаат непријатни сеќавања од Скопје но и од својот терен, каде беа надиграни и убедливо поразени.
Колдинг е најдобрата Данска екипа во последниве три сезони во својата лига. Во изминативе две сезони стигнуваат во најдобрите 16 екипи, во 1/8 испаѓаат од Металург и Загреб. Класична скандинавска екипа, која негува друг тип на игра. Пик Сегед е вториот најквалитетен тим во Унгарија, веднаш псоле Веспрем кој доминира последниве години во Унгарија. Екипата предводена од шпанецот Пастор одигра одлична сезона, каде во 1/4 испадна од првакот на Германија-Кил. Во првиот меч одигран во Унгарија, Сегед забележа триумф од два гола, која не успеаа да ја зачува во реваншот. Претходно во 1/8 во двата меча го победија Рајн-Некар.
Монпеље е уште еден од клубовите со кој имавме можност да играме во група. Се работи за одличен тим од неколку добри поединци. Во Скопје високо ги победивме, во Франција извлековме нерешен резултат. Кристијанштад доаѓа од Шведска и сигурно е најанонимната екипа во оваа група. Претходните сезони се натпреваруваше во ЕХФ купот. Ќе има многу тешка задача да оди понатаму, ако се знае со какви противници треба да игра. Нас не очекува уште една долга сезона, со пред се квалитетна и интересна групна фаза.