Голем број навивачи и симпатизери на Вардар изразија желба да добијат можност да се фотографираат со пехарот што „црвено-црните” по вторпат го освоија во Келн на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Вардар е еден од најуспешните ракометни клуби во Европа и во три настапи на Ф4 турнирот во Келн годинава по вторпат стана европски првак.
Токму за тоа европскиот ракометен првак Вардар организира „Отворен ден” и на сите наши фанови ќе им овозможи во периодот од 19 до 26 јуни да можат да се фотографираат со пехарот освоен во Келн, во периодот од 15 до 20 часот.
Пехарот ќе биде во изложен во внатрешниот дел на СЦ „Јане Сандански” веднаш штом се влезе низ главниот влез на големата сала.
И не само тоа, секој што сака може да добие и професионално направена фотографија со пехарот наместо да го користи својот мобилен телефон. Секој ден во периодот од 18 до 20 часот на располагање ќе биде клупскиот фотограф кој може да ви направи фотографија со шампионскиот пехар.
Сите што ќе решат да го користат фотографот за да добијат професионална фотографија ќе можат да добијат и попуст од 10 отсто на целото мени во Скај барот и во ресторанот во хотел Русија.
Посете го и фан шопот што е во склоп на СЦ „Јане Сандански” каде може да се купат и новите шампионски маички со пехарот од ЛШ.
Ве очекуваме,