Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Слухолежник: Вардар има многу ѕвезди, но доколку го спречиме нивниот напад, можеме мечот да го направиме интересен
Слухолежник: Вардар има многу ѕвезди, но доколку го спречиме нивниот напад, можеме мечот да го направиме интересен

Слухолежник: Вардар има многу ѕвезди, но доколку го спречиме нивниот напад, можеме мечот да го направиме интересен

Вечерва продолжуваат натпреварите за Вардар во рамките на СЕХА-лигата, а противник е екипата на Целје од Словенија. Нема многу одмор за црвено-црните кои после тешкото гостување во Барселона, се враќаат на настапите во ова регионално натпреварување. Вардар веќе го има осигурно првото место на табелата и вечерва со нов триуф се очекува само истото да го потврди. Играчот од противничкиот табор,  Матиќ Слухолежник даде свое мислење за вечерашниот дуел, кој започнува од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански.

-Ни следуваат неколку тешки дуели во наредниот период, а првиот од нив е против шампионот Вардар. За секој играч е сон да се настапи на еден ваков натпревар, тоа е причината поради која напорно се тренира, а ние сме свесни за тежината на противникот. Вардар има многу ѕвезди, но мислам дека доколку успееме да го сопреме нивниот напад и да ги задржиме под границата од 30 гола, тогаш би можеле да го направиме мечот интересен.