Во четврток во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра првиот четвртфинален меч во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Пик Сегед. Двете екипи добро се познаваат со оглед дека играа претходните три сезони во иста група, а на последните шест меѓусебни дуели, црвено-црните добија дури пет, додека еден меч заврши со нерешен резултат. Десното крило на Пик Сегед, Марио Шоштариќ е свесен што ги очекува во Скопје, истакнувајќи дека се подготвени да се пласираат на Ф4 во Келн.
-Долго време се подготвувавме за овие два меча со Вардар. Можеби ова се нашите најважни натпревари во сезоната и затоа не сакаме да оставиме ништо на случајност. Знаеме што нè чека во Скопје, и затоа мораме да дадеме 150% од нашите можности. Сакаме да играме на Ф4 во Келн, што е сон за секој ракометар на Сегед“,
Арената Јане Сандански е распродаден за овој меч, додека директен пренос од дуелот ќе има на Арена Спорт 4.