Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Сакаме да бидеме на Ф4, а за тоа мораме да бидеме подобри од Сегед
Парондо: Сакаме да бидеме на Ф4, а за тоа мораме да бидеме подобри од Сегед

Парондо: Сакаме да бидеме на Ф4, а за тоа мораме да бидеме подобри од Сегед

Вардар по шестипат игра во четврт-финалето на ЕХФ лигата на шампионите и се бори по трет пат по ред да стигне на Ф4 турнирот во Келн. Последната пречка на тој пат е унгарски ПИК Сегед, нашиот стар познајник од мечевите во ЕХФ Лигата на шампионите.

„Во четврток го играме првиот меч против ПИК Сегед. Сакаме да бидеме на Ф4, а за тоа мораме да бидеме подобри од Сегед. Тие се сериозен тим, силен тим, тоа го покажаа во текот на целата сезона, но нашиот тим одлично работеше и сигурен сум дека нашите играчи ќе одиграат најдобро што можат и нема што повеќе да се каже”, вели Роберто , вели тренерот на Вардар.

Дуелот Вардар – ПИК Сегед се игра во четврток од 20.00 часот.