Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Реално уште никој ништо не знае, Сергеј нас лично ни нема кажано ништо
Стоилов: Реално уште никој ништо не знае, Сергеј нас лично ни нема кажано ништо

Стоилов: Реално уште никој ништо не знае, Сергеј нас лично ни нема кажано ништо

Кружниот напаѓач пред дуелот со унгарскиот тим вели дека фаворитската улога ја препуштаат на ПИК Сегед, но дека во Вардар има многу борци кои нема да се откажат така лесно. Капитенот на денешната прес – конференција говореше и за Сергеј и ситуацијата во нашиот тим.

„Натпреварот со ПИК Сегед е најважен за нас оваа сезона. Ова можеби ќе биде последен натпревар на овој Вардар што го знаеме, по најавите на Сергеј, но тоа кај нас е ставено на „стенд-бај“, затоа што важен ни е двомечот со Сегед. Тие се фаворити, но ние ќе дадеме се од себе и со огромна поддршка.“, изјави Стоилов и додаде:

Реално уште никој ништо не знае. Сергеј нас лично ни нема кажано ништо. Не знаеме ништо. Дали некој ќе го преземе Вардар и дали ќе постои или нема. Ние сме му благодарни за она што го направи за нас досега. Тој го крена Вардар и спортот воопшто на едно друго ниво.