Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ не отпишува повторно за Ф-4, вардарци ќе се обидат повторно да ги демантираат

ЕХФ не отпишува повторно за Ф-4, вардарци ќе се обидат повторно да ги демантираат

Следи една од најинтересните фази во ЕХФ Лигата на Шампионите, дуелите за место на Ф-4 во Келн. Следно на програмата се првите мечеви од четврт-финалето од ЛШ.   Европската ракометна федерација направи ново рангирање, според нив момците од  Вардар не се на првите четири места за кои се смета дека ќе носат на завршниот турнир.

Вардарци се најдоа на 5. позиција што значи дека не се без шанси, но сметаат дека неможат да направат клучен исчекор кон целта. Сосема очекувано на врвот на рангирањето се  Барселона и ПСЖ екипи кои го пропуштија 1/8-финалето и дирекно играат во оваа фаза поради двете лидерски места на табелите во групите А и Б. На позицијата 3 и 4 се  двете екипи од Унгарија кои групната фаза ја завршија како втори во групите, што им донесе прилика  реваншите од четврт-финалето ќе ги играат на домашен терен. Рангирањето е следно:

1.ПСЖ
2.БАРСЕЛОНА
3.ВЕСПРЕМ
4.ПИК СЕГЕД
5.ВАРДАР
6.ФЛЕНЗБУРГ
7.НАНТ
8.КЕЛЦЕ