Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар утре на “мегдан“ со РК Драчево
Кадетите на Вардар утре на “мегдан“ со РК Драчево

Кадетите на Вардар утре на “мегдан“ со РК Драчево

Викендов се играше 14.коло во кадетската лига во машка конкуренција. Ракометниот клуб Вардар својот дуел кој требаше да го игра во недела поради одложување ќе го игра утре, 24.април. Вардаровиот кадетски тим предводен од Будимир и Станковски ќе ја пречека екипата на РК Драчево.

Црвено-црните се лидери на табелата во оваа конкуренција со само еден пораз. За сигурен пласман на завршниот Ф-4 турнир потребни ни се победи до крајот на сезоната на сите дуели. Натпреварот со тимот од скопската населба Драчево ќе се игра во нашиот тим Спортскиот центар “Јане Сандански“ со почеток во 16 часот и 30 минути.