Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците на ФК Вардар во четврток гостуваат кај екипата на Ренова
Кадетите и младинците на ФК Вардар во четврток гостуваат кај екипата на Ренова

Кадетите и младинците на ФК Вардар во четврток гостуваат кај екипата на Ренова

По повод велигденските празници, во четврток своето 22.коло во првенството ќе го одиграат кадетите и младинците на ФК Вардар кои гостуваат во Тетово на екипата на Ренова. Мечевите ќе се одиграат во термините од 10 и 12:00 часот.

Кадетите на Вардар ќе се обидат да стигнат до втор последователен триумф, откако беа успешни минатото коло на домашен терен и славеа во дуелот со екипата на Победа од Прилеп. Ова е трет меѓусебен дуел сезонава со екипата на Ренова. На истиов терен каде во четврток ќе се одигра мечот, двете екипи ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 1:1, додека Вардар на домашен терен славеше во есенскиот дел со резултат 2:0. Вардар се наоѓа на 6.место на табелата со 25 бодови, додека Ренова е на 8.позиција со 16 бодови. Тренерот на кадетите, Чунга Лунга за овој меч нема да смета на услугите на Леонид Игнатов и Александар Ѓурковски кои се дел од репрезентацијата на Македонија до 18 години, кои ќе одиграат контролни натпревари со Албанија.

Младинците се фаворити за освојување на нови бодови, во дуелот со екипата на Ренова. Двата претходни мечеви со овој противник ги добивме во наша корист. На домашен терен славевме убедливо со резултат 4:0, додека во Тетево победивме со резултат 0:2. На табелата во младинската супер лига, црвено-црните се втори на табелата со 55 освоени бодови, додека Ренова е последно пласирана со само 14 бода.

Колото е одложено за пионерските екипи, поради настапот на Македонската репрезентација до 18 години, која ќе одигра два контролни дуели со Албанија.