Во четврток својот прв натпревар од четврт-финалето во Лигата на Шампионите ќе го одигра тимот на Вардар кој пред своите навивачи ќе ја пречека екипата на Пик Сегед. Унгарците ќе бидат последната пречка до патот на Ф4 турнирот во Келн.
Арената за овој дуел е целосно распродадена, а сите кои нема да бидат во можност да бидат во сала, директен пренос од натпреварот кој започнува од 20:00 часот ќе врши Арена Спорт 4.