Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 9.коло! Пионерките на Вардар царуваат во лигата, конкурентите на минус 8 бода
Преглед 9.коло! Пионерките на Вардар царуваат во лигата, конкурентите на минус 8 бода

Преглед 9.коло! Пионерките на Вардар царуваат во лигата, конкурентите на минус 8 бода

Вардарки газат во пионерската лига, тие имаат максимални 27.бода по 9.одиграни кола. Останува ова одлична екипа само да дојде до десет побед пред настапот на Ф-4 каде одамна е пласирана. Девојките на Платон и Папуџиева играат феноменална сезона.

Во 9.коло тимовите на Металуг и РК Делчево Вардар дојдоа до нови победи по кој ја продолжуваат битката за Ф-4. Тие се зад нас со одум бода помалку односно имаат 19.бода. Вардарки во ова коло гостуваа кај Гостивар, во меч во кој целосно доминираа дојдоа до победа со  29.гола предност. Триумфот дојде со резултат 7:36, интересно е што во првиот дел не примивме ниеден гол, тој период го добивме со 0-17.

* ЖРК Куманово – ЖРК Делчево Вардар 12:20
* ГРК Гостивар -ЖРК Вардар 7:36
* ЖРК Металург – ЖРК Ѓорче 19:12

Во другата група-2, Стружанка е лидер и сигурен патник на Ф-4, сепак тие имаат послаб скор од црвено-црните по 9.кола имаат два бода помалку односно 25.бода. Битката за вториот патник останува помеѓу тимовите на ЖРК Сани (17.бода) и Нова Тим (14.бода). Ова се резултатите од 9.коло:

* ЖРК Велкова-Нова Тим 19:19
*ЖРК Винда – ЖРК Феникс 9:14
* ЖРК Сани -ЖРК Стружанка 17:17