Познати се составите на двата тима за дуелот Киелце-Вардар, на натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите кој ќе се одигра вечер со почеток од 20:45 часот.
Стевче Алушовски на располагање го има истиот ростер од мечот во Скопје. Повторно е со два голмана без Кизиќ. Тренерот на Келце, Талант Душебаев направи три измени, за разлика од мечот во „Јане Сандански“, ги нема десното крило Сигвалди Гудјонсен, средниот бек Игор Карачиќ и голманот Милош Валах, што е секако голем хендикеп за тимот.