Вардарци вечерва гостуваат во Полска кај екипата на Киелце, на натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите. Пред ,,црвено – црните” е уште еден исклучително тежок натпревар на кој ќе мора да покажат карактер и вистинско лице пред се од бековските линии.
Токму од надворешните линии и ,,лежи” најголемиот проблем засега во играта на Вардарци. Премалку погодоци се постигнуваат од бековите, па токму затоа ,,Вардар Фанс” потенцира дека доколку вечерва не им оди повторно на бековите, време е шанса во нападот да добие репрезентативецот на Македонија, Марко Мишевски. Мишевски засега не добива минути на теренот, а и денеска се наоѓа на листата на повикани играчи, па се надеваме дека токму вечерва ќе добие шанса да се покаже.
Дуелот е прогласен за меч на колото во ЛШ. Медија тимот на ЕХФ ќе посвети посебно внимание на овој натпревар кој ќе се одигра без присуство на навивачи. Се надеваме на добра игра на Европскиот шампион и позитивен резултат од ова гостување. Мечот ќе стартува од 20:45 часот со директен преност на МТВ.