Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Осум ракометари на Вардар повикани за младинската репрезентација, на контролните натпревари со Бугарија
Осум ракометари на Вардар повикани за младинската репрезентација, на контролните натпревари со Бугарија

Осум ракометари на Вардар повикани за младинската репрезентација, на контролните натпревари со Бугарија

Младинската ракометна репрезентација на 22 и 23-ти декември во Габрово ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Бугарија. Собирот е закажан за на 19-ти декември, а селекторот на оваа селекција, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за овие контролни мечеви. На него се наоѓаат дури осум ракометари кои доаѓаат од Вардар и тоа играчи кои настапуваат за вториот тим, или Вардар Јуниор. Се работи за Дејан Кукуловски, Стефан Чакалиќ, Стефан Атанасовски, Антонио Николовски,  Стефан Крстевски, Кристијан Ангелковски и Иван Димитровски, како и Христи Бикоски кој игра за младинците на Вардар.

Истовремено и кадетите ќе бидат во Бугрија, каде ќе одиграат два контролни натпревари со врсниците од Бугарија. И двете репрезентации на Македонија се подготвуваат за ЕХФ Шампионатот.