Во тековната сезона која, Европскиот првак-Вардар со победа се врати од гостувањето во Франција, кај екипата на Монпелје. На тој начин, црвено-црниот тим со триумф ја започна одбраната на трофејот во ЛШ. Избраниците на Писонеро славеа со резултат 31:33. Скубе беше наш најефикасен ракометар со 7 голови, додека Дибиров постигна 5 голови.
Спортскиот канал на Македонската радио и телевизија денес, понеделник (4.мај) ќе ја прикажува снимката од овој дуел. На спортскиот канал истата ќе може денес да се гледа во два термини, најпрвин во 16-00 часот, а потоа точно на полноќ.