Викендов со натпреварите од петтото коло започнуваа пролетниот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата. В сабота и недела во спортскиот центар „Јане Сандански” во 9-00 часот стартуваат натпреварите во ракомет, а в сабота во 12-00 часот на распоредот се натпреварите во мини ракомет за децата родени 2010 година и помлади.
Утре на распоредот се машките екипи од генерациите 2008/09, 2006/07 и 2004/05. Играат екипи од Куманово, Прилеп и Скопје. Задутре, недела стартуваме со натпревар во женска конкуренција кои се натпреваруваат во категоријата 2006/07. Според најавата играат екипи од Охрид, Кичево, Велес и Скопје
* Распоред за натпреварите: saatnica_23-24.02.2019.pdf