Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стартна победа за пионерите на РК Вардар на турнирот во Илинден, повозрасниот тим на Балтепе „потклекна“ во вториот дел
Стартна победа за пионерите на РК Вардар на турнирот во Илинден, повозрасниот тим на Балтепе „потклекна“ во вториот дел

Стартна победа за пионерите на РК Вардар на турнирот во Илинден, повозрасниот тим на Балтепе „потклекна“ во вториот дел

Пионерите на ракометниот клуб Вардар со победа го стартува младинскиот турнир „Илинден 2019“

Во рамките на првото коло во својата група, избраниците на Зоран Петковски беа подобри од екипата на Балтепе, совладувајќи ја со резултат 16:22. Да напоменеме, дека Вардар е најмладата екипа на турнирот и во групата се натпреварува со повозрасни екипи, нашите пионери се генерација родени 2004/05 година.

И покрај тоа што игравме со повозрасен тим, на крајот успеавме да стигнеме до победа, изразена со резултат 16:22. Во првото полувреме гледавме израмнета игра, а на полувреме ниту една од екипите немаше предност, односно резултатот беше нерешен 9:9. Во вториот дел, момците на Зенга заиграа поцврсто во одбраната, додека во нападот реализиравме од различни позиции. Влеговме во серија на погодоци, па на крајот стигнавме до заслужен триумф.

Најефикасни во нашите редови беа Матеј Трајановски и Виктор Трифуновски кои постигнаа по 4 голови, додека Стефан Ристевски имаше 3. Во листата на стрелци се запишаа уште и Кирил Симоновски, Христијан Петковски и Ѓоргиј Спасовски кој имаа по 2 погодоци, додека по еднаш погодија и Марио Стојановски, Мартин Сипковски, Андреј Петрушевски, Мартин Тодороски и Александар Стојменов.

Овој турнир е само подготовка за вардаровите пионери, кои следната недела ќе настапат на силен меѓународен турнир во Белград.