Иако фудбалерите на есенскиот шампион Вардар се на одмор, сепак, играчите на Александар Васоски не мируваат па дури и на одмор не сакаат да ја загубат одличната форма и физичката подготвеност.
Десниот бек на лидерот, Владица Брдаровски кој во овој момент е на одмор на Малдивите, постави фотографија на својата Фејсбук страна на која напиша:
„Подготовките за пролетниот дел од шампионатот започнаа денеска. Напред Вардар!“.