Денес започна со одигрување силниот младински турнир „Илинден 2019“ кој го организира РК Илинден Вардар на Дарко и Александра Јанев. Пионерките на Вардар предводени од Платон и папуџиева тргнаа со победа 17-6.
Најпрвин домаќинот на турнирот, РК Илинден успеа да отвори од пенал за почетни 0-1. Ние веднаш тргнавме во пресврт и со три контри поведовме со 3-1 по 5.минута игра. Вероника Ѓорѓиевска врза неколку одбрани па добивме прилика. Две беа дело на Бојана Коцева, а во една капитенот Алекс Коловска иако пикер беше најбрза во контра и погоди. Домаќинот се бореше па успеа да намали на 4-3 и да внесе блага неизвесност. Сестрите Коцеви со два влеза веднаш успеаа да не одлепат, Бојана и Борјана по убави влезови стрелаа за 6-3. Конечните 8-4 со кој заминавме на одмор ги постави Сара Стојанова од пенал.
Веднаш на почетокот на вториот дел поведовме со пет гола во 1.минута од овој период, за 9-4 стрелаше крилото Ива Ангеловска. Потоа се до 5.минута немаше погодок на двете страни, Леа Христоска одбрани серија удари ние тоа не го наградивме во напад. Тргнавме во конечна офазива, во игра влезе Мила Пешиќ која погоди три пати по ред за наша предност со 13-5 некаде на средината на вториот дел. Двоцифрената предност ја постигнавме на резултат 15-5 кога на 6.минути до крај (се играше полувреме 15.минути) стрелаше крилото Бојана Радевска. победата дојде со резултат 17-6.
Бојана Коцева погоди четири пати, Мила Пешиќ стpелаше умешно во три прилики, а Наталија Максимовска даде два гола.