Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Трпчевски: Ние сме бесконкурентна екипа во која владее пред се едно големо другарство
Стефан Трпчевски: Ние сме бесконкурентна екипа во која владее пред се едно големо другарство

Стефан Трпчевски: Ние сме бесконкурентна екипа во која владее пред се едно големо другарство

Викендов кој доаѓа, своите натпревари во вториот дел од сезоната ги започнуваат и младинците на Рк Вардар. По првиот дел се наоѓаат на првото место на табелата со вкупно шест победи и ниеден пораз.

Имавме можност да поразговараме со Стефан Трпчевски кој настапува за младинците на Вардар, и кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од првата фаза, подготвителниот период и очекувањата за предизвиците што следуваат.

1. Прво една твоја анализа за резултатите, и за прикажаните игри на тимот во првиот дел од сезоната. Со оглед дека имате забележано убедливи победи, веројатно е дека немате голем конкурент за првото место?

-Добрите кондициони припреми во Маврово, напорните секојдневни тренинзи и силната волја за игра, докажување и успех во првиот дел од сезоната, ги докажаа нашите резултати. Ние сме бесконкурентна екипа во која владее пред се едно големо другарство, мегусебно разбирање и тимска усогласеност, па затоа и немаме можеби конкурент во оваа лига во која се натпревруваме.

2. Дали може на лигава и недостасуваат поквалитетни екипи (пример-Металург) ?

-На оваа лига можеби и недостасуваат поквалитетни екипи од различни причини.
Металург сепак се натпреварува во младинската лига, и се надевам дека силите ке ги измериме во Ф4, бидејки имавме долги и напорни припреми, за почетокот на оваа втора фаза од првенството.

3. Имавте долг период да се подготвите за почетокот на пролетната полусезона. Настапивте и на турнир, во Скопје во организација на вашиот клуб. Колку доволно преку овие припреми успеавте да ја одржите поскуваната форма?

-Во склопот на припремите добро ни дојде и турнирот „Еден живот-Една љубов“ кој беше организиран од страна на нашиот клуб Вардар, на кој ние остваривме максимален учинок од 3 одиграни натпревари, и исто толку победи со што го освоивме првото место на тој турнир. Сметам дека овие подготовки за вториот дел ги изработивме максимално, и екипата веке ја доби својата посакувана форма. Така да се чека само почетокот на вториот дел од првенството.

4. Колку напорно се работи на тренинзите?

-Колку тоа напорно се работи на тренинзите, покажуваат и ке покажат нашите резултати. Нема да дозволиме да ја загубиме довербата ни во самите себе, ни во нашиот тренер кој многу се труди за успехот на нашата екипа.

5. Која е вашата цел во иднина, како на личен,така и на екипен план?

-Вардар во иднина го гледам како шампион не само во младинската категорија, туку и во сите останати други категории. Лично за себе очекувам како и секој играч да заиграм во вториот тим на Вардар.

6. За крај очекувањата твои за вториот дел од сезоната, и за првиот натпревар во недела против екипата на Преспа?

-Овој викенд започнува втората фаза од првенството, каде што гостуваме во Ресен против екипата на Преспа. Натпревар кој си има своја тежина, но сепак очекувам победа, ни изјави Стефан Трпчевски за нашиот сајт

Стефан има 18 години. Настапува на позцијата десен бек, и втора сезона го носи дресот на Вардар.

Звонко Ивановски