Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Добри вести за Кастратовиќ повредениот пикер Алтхаус во составот за мечот со Динамо
Добри вести за Кастратовиќ повредениот пикер Алтхаус во составот за мечот со Динамо

Добри вести за Кастратовиќ повредениот пикер Алтхаус во составот за мечот со Динамо

ЖРК Вардар е најдефицитарен година на позицијата пикер во пресрет на важниот меч за Црвено-Црните девојки, Германката која дојде од Турингер да го засили Вардар на позицијата пикер Ања Алтхаус се повреди . Вистинска среќа е што и покрај истата повреда Индира Кастратовиќ ќе може да смета на расположената ракометарка за мечот со Динамо .

Вчера во спортската сала Автокоманда ракометарките на Вардар го играа 12тиот меч од Македонската Супер  лига со тимот на ЖРК Металург . Во првото полувреме поточно во 20 минута од мечот при еден дуел Алтхаус заработи повреда на носот . Стравувањата на женскиот ракометен колектив за нејзиниот  настап на саботниот дуел последен од оваа фаза во Лигата на Шампионите се надминати . Лекарскиот тим ќе ја оспособи Ања за дуелот со Динамо, кој може да ги донесе Вардарки со победа и поволни резултати на конкурентите до толку посакуваното второ место во групата, кој ќе ни донесе поповолен противник во 1/4 Финале од Европската лига на ракометни шампионки .

На вчерашната генерална контролка пред мечот од ЛШ во сабота кој се одигра  во салата Автокоманда со домашниот тим на Металург, девојките на Индира оствариа победа со 9 гола разлика односно 31-22 ! Мечот во сабота е закажан со почеток во 19 -00 часот .