Арпад Штербик се најде во идеалниот тим за второто коло во Лигата на шампионите. Нашиот голман одлично ја заврши својата задача против Нант. Кога и да бевме во “тесно“ тој не вадеше, средбата ја заврши со 12 интервенции, од кои два седмерци. Во идеалните седум за второто коло се најдоа:
Лево крило – Валеро Ривера (Барселона)
Лев бек – Карол Биелецки (Киелце)
Среден бек – Мате Лекај (Веспрем)
Десен бек – Ласло Наѓ (Веспрем)
Десно крило – Матијаз Брумен (Горење Велење)
Пикер – Бјарте Мирхол (Скерн)
Голман – Арпад Штербик (Вардар)
Видеото може да го видите ТУКА.