Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик има забележано 53 одбрани, на првите три натпревари во ЛШ
Штербик има забележано 53 одбрани, на првите три натпревари во ЛШ

Штербик има забележано 53 одбрани, на првите три натпревари во ЛШ

Дека добар голман е половина екипа, најдобар доказ е Арпад Штербик. Оваа натпреварувачка сезона ја започна одлично на голот на нашиот ракометен шампион. Според статистиката која ја водевме, на првите три натпревари во лигата на шампионите има забележано вкупно 53 успешни интервенции. Тоа се во просек нешто повеќе од 17 одбрани на секој меч во ова натпреварување. Во првите две кола, влезе во ТОП 5 изборот за најатрактивни одбрани. На последниот дуел, одигран во неделата против Кристијанштад повторно блескаше на голот. Овој дуел го заврши со 20 успешни интервенции и сигурно беше најзаслужен за третиот последователен триумф во ЛШ.

На вчерашниот натпревар против Спартак во сеха-лигата, доби поштеда од тренерот Гонзалес и одмор пред дербито на колото во лигата на шампионите. Во сабота во С.Ц. Јане Сандански ни доаѓа бундес-лигашот Рајн-Некар. Повторно ќе гледаме инересен голмански дуел на двете страни. Штербик против Станиќ ќе биде сигурно во центарот на вниманието, од страна на ЕХФ. Иако имаше најави дека Станиќ заминува од овој клуб и оди во Катар, сепак би требало да биде во составот за овој меч. Тоа нас не не засега, ние го имаме нашиот Штербик кој не се сомневаме дека повторно ќе блесне на голот на Вардар.