Нашиот машки црвено – црн ракометен колектив утре во Јане Сандански ќе одржи редовна прес-конференција по повод четвртото коло во ЕХФ Лигата на Шампионите. Во соопштението на официјалниот сајт велат:
Ве информираме дека на ден 08.10.2015 (четврток) во 11:15 часот, во конференциската сала во СЦ „Јане Сандански“, РК Вардар ќе одржи прес-конференција по повод натпреварот во елитното натпреварување ЕХФ Лигата на шампиони, против Рајн Некар Левен.
Натпреварот е закажан за в сабота во 17:30 часот. Би ни претставувало огромно задоволство доколку не почестите со Вашето присуство.