Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик ја предводеше својата репрезентација до победа, Русија загуби од Данска
Штербик ја предводеше својата репрезентација до победа, Русија загуби од Данска

Штербик ја предводеше својата репрезентација до победа, Русија загуби од Данска

Шест ракометари од редовите на Вардар, беа активни со своите репрезентации во текот на вчерашниот ден и забележаа една победа и пораз.

Шпанија за која настапуваат тројца играчи од Вардар, беше подобра во првото коло на ЕП од селекцјата на Германија. Резултатот на крај гласеше 32:23. Три гола позитива (18:15) Шпанците имаа и по завршување на првото полувреме. Германија добро го започна овој дуел имаше водство од 5:6, набргу следуваше израмнување од 10:10. Можеби решавачкиот чекор кон победата, Шпанија го направи кога имаше седум голови предност од 18:12. Сепак Германија врати со три голови во серија, за намалување и враќање во резултатсак рамнотежа. Во текот на вторите 30 минути, Шпанија умешно ја одржуваше оваа  предност која се движеше помеѓу 3-5 голови предност. Штербик беше ден од најзаслужните за победата, тој го заврши дуелот со вкупно 13 успешни интервенции. Македа доби директен црвен картон на крајот на првиот дел, кога со топка удри директно во лицето на еден од противничките играчи. До тој момент имаше постигнато 3 голови. Третиот Вардарец, Алекс Душебаев не успеаа за жал да се запише во листата на стрелци на овој меч.

Русија долго време даваше отпор во дуелот против селекција на Данска, сепак во последните 10 минути ја загубија концетрацијата и беа поразени со резултат 31:25. По првото полувреме резултатот гласеше 13:13. Имаше периоди во првиот дел, кога Русија имаше и два голови предност. Ландин беше најголемиот виновник за поразот на Русија, кој беше брилијантен на голот. Капитенот на Руската репрезентација, Дибиров го заврши мечот со 3 псотигнати голови, исто како и Горбок. Десното крило Шишкарев го стартуваше овој дуел, но зад неговото име не беше запишан ниеден гол.