Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на супериорен начин, го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Младинките на супериорен начин, го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Младинките на супериорен начин, го освоија турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Младинките на Жрк Вардар ја оправдаа фаворитската улога пред почетокот на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во генерација родени 1998/99 година. Тие во големото финале не дозволија никакво изненадување и на супериорен начин ја победија екипата на Ѓорче Петров со резултат 20:13.

Се што успеаа противникот да стори на овој дуел е да го израмни резултатот на 1:1 во почетните минути од дуелот. Во следните осум минути Ѓорче Петров не успева да го пронајде патот кон нашиот гол, за разлика од нашите девојки кои направија серија од 4:0 за веднаш да се одлепат резултатски од противникот. На голот започна Јована Мицевска која до крајот на првиот дел успеаа да скроти два од четирите седмерци на проитивникот. Всушност до крајот на првиот дел, останатите два гола Ѓорче ги постигна токму со удар од седум метри и тоа во 11 и 19 минута од првиот дел. Анастасија Николовска и Тина Тодоровска ја полнеа мрежата на противникот, при резултат од 5:2 следува нова наша серија од 5:0 за водство од 10:2. Полседниот гол по првите 20 минути беше дело на Ѓорче, за резултгат на полувреме од 10:3.

На почетоткот на вториот дел тренерот Билјана Пецевска направи неколку измени во својот состав, давајќи им шанса и на останатите ракометарки кои и беа на располагање. На голот Олгица Костовска ја замени одличната Мицевска и веднаш забележа две одбрани, од кои една беше од пенал. Првиот гол во второто полувреме го постигнува Ѓорче П. но нашите девојки одговараат со нова серија од три последователни голови,з а предност од 13:4.  Противникотне се предаваше и се обидуваше да стори нешто повеќе на овој меч и да избегне повисок пораз. Така со два голови во серија, ја намалуваат негативата, но на спротивната страна враќа Матеа Спасовска со својот прв гол, за водство од 14:6. Во следниот период се игра гол за гол на двете страни, крајот на натпреварот се ближеше, а Вардар беше поблиску до трофејот.  За момент Ѓорче се закани со намалување на нашето водство на 17:11, но тоа е се што успеаа да направат до крајот. Конечниот резултат гласеше 20:13

Најефикасна во нашиот состав беше убедливо Тина Тодоровска со 7 гола. Анастасија Николовска ја следеше со 3 погодоци.

\Жрк Вардар: Мицевска, Костовска, Божиноска 2, Серафимова, Николовска 3, Стамова, Белимова, Стојмановска 2, Колевска, Вељановска 1, Карчева 1, Лазаревска, Георгиевска, Станиќевска 1, А. Тодорвска, Т. Тодоровска 7, Костадиновска, Филиповска, Иванова 1, Спасовска.

Со вкупно три победи на овој турнир, претходно во групната фаза против екипите на Академија 1 и Академија 2 и сега во финалето, младинките на Жрк Вардар го освоија првото место.