Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Повикот од Гонзалез и проектот на Самсоненко, ме привлекоа да дојдам во Вардар
Штербик: Повикот од Гонзалез и проектот на Самсоненко, ме привлекоа да дојдам во Вардар

Штербик: Повикот од Гонзалез и проектот на Самсоненко, ме привлекоа да дојдам во Вардар

Голманска легенда која се уште трае и е дел од Европскиот шампион, неодамна во интервју за Mozaart Sport, зборуваше за себе, за успехот со репрезентацијата на Шпанија и освоенот златен медал на ЕП и секако за Вардар каде веќе четврта сезона успешно го брани голот. Не претпоставувал дека еден би дошол во Скопје и Вардар, но било невозможно да се одбие повикот на “Ел команданте“ како и проектот на сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко.

27067907_10156655319315348_3681670772240090658_n

-Не мислев дека ќе завршам во Скопје, но дојде повикот од поранешниот тренер, Раул Гонзалез, со кој настапував во Атлетико Мадрид, па ми се допадна и планот на сопственикот. Цел беше да играме на Ф4, но ние направивме чекор напред и успеавме да ја освоивме Лигата на Шампионите. Ќе играм уште година-две, после Вардар одам во Веспрем и не размислвуам понатаму од тоа во овој момент.

Штербик доби дополнителен повик од селекторот Рибера и тоа на завршнитге два натпревари на ЕП, откако поради повреда, “фуријата“ не можеше да смета на Гонзало Перез де Варгас.

-Кога ме повикаа, сметав дека можам да помогнам. На крајот испадна многу добро. Така беше и на едно претходно првенство, на кое исто така дополнително ме повикаа, мислам дека не се работеше за повреда на играч, но јас сепак одбив. Овој пат бев на поширокиот список на играчи, па нормално беше да се јавам на повикот на селекторот Рибера. 

После освоената Европска титула, шпанците се вратија во Мадрид каде имаше пречек од својот народ, но Штербик директно се упати за Скопје, каде се спремаше за новите предизвици, а тоа беа мечевите од СЕХА-лигата.

-Не отидов во Шпанија да славам. Веднаш се вратив во Скопје бидејќи само после три дена заминавме за Брест, а веднаш после тоа не очекуваше и меч против Татран. На пример, Кањелас се врати во Шпанија, во Скопје пристигна во вторникот ноќта, па после неколку часа мораше да патува.

На прашањето дали размислува по крајот на играчката кариера да работи како тренер на голмани, Штербик дециден дека сака да се посвети во иднина повеќе на семејството.

-Не ме интересира да бидам тренер, веќе со години патуваме натаму-наваму. Секој ден имаме обврски, менуваме земји и слично. Не ми е повеќе привлечно такво нешто. Сакам да живеам со семејството, истакна Арпад.