Уште еден трансфер период полека но сигурно завршува во фудбалска Македонија. Остануваат уште точно четири слободни денови за трансфери на играчи.
Кога сме кај нашиот Вардар, клубот бара уште еден играч со што ќе ја потполни и границата од осум интернационалци во тимот. Во текот на следните два дена најкасно, може да се очекува уште еден играч од странство кој ќе дојде и ќе го засили тимот на Вардар, доколку не се јават нови проблеми со документацијата.
Предходно пропаднаа странците од типот на Силва, Марментини, Охеда, Харуна и најновиот Уче.