Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик го отпиша Вардар пред дуелите со ПИК Сегед
Штербик го отпиша Вардар пред дуелите со ПИК Сегед

Штербик го отпиша Вардар пред дуелите со ПИК Сегед

Екс голманот на Вардар, Арпад Штербик е еден од низата ракометари кои го отпишуваат Европскиот шампион и не му даваат никакви шанси за пласман во 1/4 финалето на Л.Ш. Како што вели Штербик за унгарските медиуми, ПИК Сегед го чекал неговиот Веспрем во 1/4 финалето и дека овој тим ќе бил многу мотивиран бидејќи никогаш не настапил на Ф4.

„Најпрво мора да го минеме секогаш незгодниот тим Висла Плоцк, кој го води екс тренерот на Веспрем, Чави Сабате. Потоа не чека нашиот голем домашен ривал ПИК Сегед. Тоа е тимот што ја победи Барселона пред своите гледачи. Ракометарите од Сегед никогаш не играле на завршниот турнир во ЛШ, па сега ќе се борат како лавови да успеат во последниот филтер пред Ф4″ , изјави Штербик за унгарските медиуми.

Останува да видиме дали искусниот голман ќе биде уште еден во низата што прерано го отпишуваат Европскиот шампион, а на крајот ќе згрешат.