Крумислав Ѓорѓиев од Штип е делегиран да ја дели судиската првда на утрешниот дуел во Скопје на Градски на кој се среќаваат лидерот на табелата Вардар и екипата на Струга ТЛ.
Вардар на овој дуел сака да ја прекине серија од два натпревари без победа и да му се реваншира на противникот за поразот во есенскиот дел од шампионатот.
Дуелот на овие две екипи се игра утре со почеток од 14.00 часот. И на овој натпревар нема да има присуство на публика.