Вчера Вардарци го одиграа вториот натпревар во новата сезона на лигата на шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански нашиот шампион беше подобар од тимот на Пик Сегед. Противникот пружи голем отпор на овој дуел, на моменти имаше предност и од два гола. Сепак во второто полувреме, успеавме да се вратиме во игра и да ја преземеме предноста, која ја одрживме до самиот крај. Повторно на голот го имавме одличниот Штербик, кој го заврши мечот со вкупно 15 одбрани.
Јас реков уште пред почетокот на натпреварот, дека ова ќе биде многу тежок дуел за нас. Пик Сегед го има еден од најдобрите тренери, Шпанецот Пастор, тие ја играат својата игра кога имаат предност но и кога се во негатива. Мислам дека се тактички најдобра екипа, со високо ниво на игра кој го наметнуваат во текот на целиот натпревар. Во второто полувреме нивните грешки ни овозоможија да се одвоиме резултатски и на крај да го добиеме овој тежок меч. Во оваа израмнета група без изразит фаворит, секој натпревар ќе ни биде тежок и ќе нема лесни бодови.
На овој дуел, црвено-црните ја немаа поддршката од своите најверни Комити, чие отсуство се осети во голема мера во текот на целиот меч.
Се надевам дека на следниот натпревар целата сала ќе биде исполнета, тоа секако не зависи од нас. Мене ми е драго кога играм на терен, пред ваква неверојатно публика. Секако на следниот меч се надевам дека присутни ќе бидат и Комити, изјави Штербик за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски