Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Очекувам добар меч и многу борба со Германија
Стоилов: Очекувам добар меч и многу борба со Германија

Стоилов: Очекувам добар меч и многу борба со Германија

Репрезентацијата на Македонија е вистински хит овие денови во Загреб. Нашите ракометари предводени од Гонзалез запишаа две победи од исто толку натпревари и тоа против моќната Словенија и против селекцијата на Црна Гора.

Денеска играчите имаат одмор а утре ги очекува нов дуел, против Германија во борба за првото место и пренесување на нови бодови во следната фаза. На денешната прес – конференција на нашата селекција капитенот на Вардар, Стоилов изјави:

“Во моментов имаме две победи и сме во многу добра ситуација. Дојдовме без очекувања. Германија секако дека на утрешниот меч е фаворит, но ние ќе пробаме да ги изненадиме. Очекувам добар меч и многу борба со Германија која има врвни ракометари, но тоа не го плаши нашиот тим“, изјави Стоилов.