Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Илинден, Карпош, Бисинов и Урдаревски по одигрување на второто коло се блиску до пласман во полуфиналето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
РК Илинден, Карпош, Бисинов и Урдаревски по одигрување на второто коло се блиску до пласман во полуфиналето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

РК Илинден, Карпош, Бисинов и Урдаревски по одигрување на второто коло се блиску до пласман во полуфиналето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

После одигрување на второто коло во трите групи на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во машкиот дел кај генерација “2004/05“ , познати се екипите кои имаат најголеми шанси да играат во полуфиналето на истиот.

Второто коло во машкиот дел кај генерацијата 2004/05 на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ го стартуваа екипите на РК Ангели и Асови, во рамките на групата А.

Прв триумф во групата А за Ангели, кои забележаа убедлива победа со резултат 24:8. Само на стартот, екипата на Асови беа рамноправен противник, кога резултатот беше 5:3, а од тие моменти па се до крајот на првиот дел, Ангели направија серија од 8:0, за на полувреме да имаат двоцифрена предност од 13:3. Ништо поразлично на теренот не се случуваше ниту во второто полувреме, кога екипата на Ангели доминираа на теренот и постојано ја зголемуваа предноста (20:6), а последните минути за нив беа само рутина, стигнувајќи до првата победа на турнирот, откако во првото коло беа поразени од Илинден.

Александар Костоски беше најефикасен со 12 постигнати голови.

Во дербито на оваа група се сретнаа екипите на Илинден и Будимир, меч кој го добија илинденци, со што си ги зголемија шансите за пласманот во полуфиналето, односно може да се каже дека тие се веќе и полуфиналисти, со оглед дека во последното коло за противник го имаат тимот на Асови. Фуриозно започна натпреварот за избраниците на Александар Јанев кои поведоа со 1:4 на стартот од мечот. Најблиску до предноста на Илинден, екипата на Будимир беше при резултат од 4:7. Илинден имаше контрола на играта и само ја зголемуваа предноста. На полувреме имаа водство од 7:11.

vardarfans-1 vardarfans-2 vardarfans-3

Во вториот дел не гледавме многу голови, а екипата на Будимир постигна само еден, додека Илинден вкупно пет, од три во овој период беа дело на Матеј Трајановски. Повторно во победничката екипа се истакнаа Андреј Петрушевски кој постигна пет голови, додека по четири беа дело на Александар Стојменов и Матеј Трајановски. 

Втора победа за екипата на Урдаревски, која во рамките на групата Б ја совлада екипата на Балтепе. Урдаревски уште на стартот ја најави победата, кога имаше водство од 5:0, додека по истекот на првите 15 минути резултатот беше 9:2. Во текот на целото второ полувреме, екипата на Урдаревски одржуваше водство кое се движеше од 7-9 голови разлика, за на крајот да триумфираат со резултат од 20:11.

vardarfans-4 vardarfans-5

Кај победникот, по три голови постигнаа Александар Пејковски, Никола Ристов и Мартин Максимовски.

Втор триумф во истава група забележа и РК Карпош од Куманово, кој го совлада тимот на ОПШ.Кисела Вода. Со два последователни голови, екипата од Куманово го стартуваше натпреварот, за тимот на Кисела Вода да го постигне првиот гол и да намали на 2:1. Карпош уште на стартот од мечот се одлепува и поведува со 6:1. На секој гол на Кисела Вода, екипата на Карпош одговараше во серија од неколку погодоци, па така на полувреме имаа убедлива предност од 13:4.

26231691_1565777063469134_7047944066526483732_n 26734157_1565777083469132_9001956139033458729_n 26804559_1565777073469133_2336310355351664081_n

Исто започна и второто полувреме, кога избраниците на Наташа Ѓорѓевиќ зголемија на 15:4, за да следиме три последователни голови на Кисела Вода, за намалување на резултатот на 15:7. Најмногу што успеа да намали екипата на Кисела Вода беше на шест гола (18:12). До крајот на мечот зголемување на водството, за конечен резултат од 20:13.

Милановски беше најефикасен постигнувајќи четири голови.

Прва победа во групата В за екипата на РК Виница-Вардар, која беше поуспешна од РК Кале-Кичево, кој го доживеа вториот пораз. Само во првите шест минути игра гледавме реултатска неизвесност, кога резултатот беше 3:4, за екипата од Виница да направи серија од 0:7 и да поведе со 3:11. По првото полувреме, Виница-Вардар имаше и двоцифрена предност од 4:14.

vardarfans-1 vardarfans-2

При резултат од 5:15, следиме нова серија на Виница-Вардар од 0:4, за веќе убедливи 5:19. До крајот само растеше водството на Виница, која успева да слави со конечен резултат од 9:24.

Васе Пановски беше најефикасен со 5 голови, додека Лука Јанков додаде 4 погодоци.

Во истава група второто коло го одиграа екипите на ГРК Гостивар и Бисинов. По првите седум минути игра гледавме израмнет натпревар, каде се играше гол за гол и ниту еден од двата тима не успева да има предност поголема од еден гол. Екипата на Бисинов прва успева да дојде до два гола разлика, кога во 12 минута од мечот имаа предност од 6:8. По првото полувреме, екипата на Бисинов имаше предност од 7:8.

vardarfans-1 vardarfans-2-2 vardarfans-3-2

И во вториот дел на стартот гледаме игра гол за гол, сепак екипата на Бисинов е таа која го диктира темпото на игра. За прв пат, тимот од Велес има највисоки три голови разлика (9:12) и тоа во 21 минута. Гостивар се враќа во игра и успева со неколку сврзани погодоци да го израмни резултатот на 14:14 во 25 минута.

Финишот му припадна на Бисинов, кој слави победа со резултат од 15:18. Ова значеше чекор понапред за екипата на Бисинов, кон пласманот во полуфиналето.

По одигрување на последното трето коло ќе ги дознаеме сите учесници во полуфиналето на турнирот.