Тимот на Вардар пристигна во Анталија и го одржа првиот свој тренинг од зимските подготовки. Со многу млади играчи во тимот, Вардар започна да се подготвува интезивно за првиот противник во Турција тимот на Пахтакор, кој е предвиден за во недела.
На подготовките во Анталија ги нема: Николов, Муслиу, Демири, Итало и Џигаури кој си заминаа од таборот на шампионот. Во Анталија со тимот отпатува Велковски, но и тој е можно да замине од редовите на Вардар.
Од младите пак, во Анталија е и дефанзивецот Никола Серафимов кој се врати од позајмицата во Пелистер. Фелипе сеуште не е пристигнат.