Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дамите на РК Делчево Вардар, Ѓ.Петров Вардар, РК Кале и К.Вода Вардар се 1/2-финалисти на зимскиот турнир во генер.2004/05, се одигра и последното 3.коло
Дамите на РК Делчево Вардар,  Ѓ.Петров Вардар,  РК Кале  и К.Вода Вардар се 1/2-финалисти на зимскиот турнир во генер.2004/05, се одигра и последното 3.коло

Дамите на РК Делчево Вардар, Ѓ.Петров Вардар, РК Кале и К.Вода Вардар се 1/2-финалисти на зимскиот турнир во генер.2004/05, се одигра и последното 3.коло

Заврши првиот натпреварувачки ден на овогодинешниот Зимскиот турнир на РК Вардар „Еден живот, една љубов″ кој се одржува по четврти пат. Денес се играа натпреварите во категоријата 2004/2005 кај женските и машките. Дамите играа во  салата на СЦ „Гоце Делчев″ во Илинден, таму веќе завршија дуелите. Имaше осум учесници кои се поделени во две групи ( “А“ и “Б“), тие ќе одиграа денес три кола односно цела групна фаза. По крајот на истите веќе се е познато, па екипите на Делчево Вардар,  Ѓорче Петров Вардар,  Кале Вардар и Кисела Вода Вардар се полуфиналисти. Останатите четири тима ќе разигруваат за пласман од 5-8 место. Вака изгледаат натпреварувачките двојки за утре.

o2

1/2-фин. Делчево Вардар: Ѓ.Петров Вардар

1/2-фин. Кале Вардар: Кисела Вода Вардар

за 5/6.место, Асови Вардар: Будимир Вардар

за 7/8.место, Ангели Вардар- ГРК Гостивар

Во последното 3то коло се одиграа четири дуели по кој беа познати патниците во полуфиналните дуели, но и екипите кои ќе играат за пласман.

o3

Дуелот ГРК Гостивар Вардар – РК Ѓорче Петров Вардар заврши со победа на девојките од скопскиот тим. Тие победија со “плус петнаесет“ разлика на крајот. Екипата на Ѓорче Петров Вардар победи со резултат 21-6. Уште на полувреме се насетуваше победникот на овој дуел, откако скопјанки поведоа со 11-1. Кај нив најдобар стрелец беше Ѓурчевска Климентина со двоцифрен број погодоци, таа погоди десет пати.  Арби Исени и  Сара Премческа стрелаа по три пати кај порзениот тим.

Висока победа забележа тимот на  РК Кале Вардар     во дуелот со тимот на   РК Будимир Вардар. Тие триумфираа со “плус 17“ односно со 23-6. Нивната победа беше очекувана и по првиот дел кога триумфираа по 15.минути со 18-4. Кај победникот прв стрелци беа: Сара Стефаноска, Евгенија Ристеска и Ева Димитриеска со  пет гола, кај поразените сите шест гола беа дело на различни девојки на овој дуел.

o4

Во третиот дуел поразени беа РК Ангели Вардар   од екипата на       РК Делчево  Вардар со резултат 15-7. Девојките на истокот на Република Македонија водеја и  на полувреме на овој дуел, тие на пауза заминаа со пет гола предност, односно со резултат 9-4. Деника Спасевска беше прв стрелец кај победникот со пет гола, кај поразениот тим  по три гола имаа Сара Петковска и Роза Белчовска. 

o5

Во последниот дуел  екипата на   РК Опш.Кисела  Вода  Вардар дојде до победа со  тимот на РК Асови Вардар. Тие триумфираа со резултат 8-6 на овој дуел, победата се навести уште во првиот дел кога поведоа со  4-1. На полувреме водеа со со минимални 5-4.   Ива Здравевска постигна четири гола кај победникот, кај поразените  головите ги постигнаа различни играчи.