Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Карачиќ постигнаа по 4 голови, во победите на Македонија и Хрватска
Стоилов и Карачиќ постигнаа по 4 голови, во победите на Македонија и Хрватска

Стоилов и Карачиќ постигнаа по 4 голови, во победите на Македонија и Хрватска

Тројца играчи на Вардар забележаа победи со своите репрезентации, во рамките на 1.коло од квалификациите за пласман на ЕП, тоа се Стоилов, Поповски и Карачиќ.

Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година. Во Спортската сала “Боро Чурлевски„ избраниците на Гонзалез, Парондо и Царчев славеа со резултат 31:27.

Натпреварот со погодок го отвори капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов беше стрелец на првиот погодок во овој квалификациски циклус за Македонија. Противникот одржуваше резултатска неизвесност во првите 6.минути од мечот кога резултатот на семафорот беше 4:4. Од тој момент нашата репрезентација постојано беше во предност, која не дозволи да ја испушти до крајот на натпреварот. Постигнавме два гола во серија и поведовме со 6:4. Како одминуваше првото полувреме го зголемувавме водството, кое највисоко достигна до шест голови (15:9). До крајот на првиот дел, Турција успеа да ја намали негативата и на пауза да се замине со резултат 17:13 во корист на Македонија.

Одличен старт имаше нашата репрезентација во второто полувреме кога направиј серија од 3:0 и зголеми на 20:13, тоа беше и највисоката предност во тој момент за избраниците на Гонзалез, кои го контролираа резултатот и во овој дел од натпреварот. Македонија имаше и високи 23:15, но противникот во следните десет минути намали на 26:23 и внесе резултатска неизвесност. Сепак повторно се одлепивме на пет гола позитива и на крајот успеавме да славиме со резултат 31:27.

Стојанче Стоилов имаше свој придонес во победата, постигнувајќи 4 голови,додека Мартин Поповски не се запиша во листата на стрелци.

До победа во првото коло стигна и селекцијата на Хрватска, која пред својата публика ја совлада Швајцарија (31:28). Во најголем дел од првото полувреме, домашната селекција беше во предност која најмногу достигна три гола (11:8), но Швајцарците беа тие кои на одмор заминаа со водство од 15:16, иако тоа можеше да биде изразено и со два гола, но Лука Циндриќ погоди од голема далечина на истекот на првите 30 минути за минимална негатива.

Набрзина во вториот дел, Хрватска ја врати предноста кога направи серија од 3:0 и поведе со 19:17 и од тој момент не дозволи да ја испушти истата. Во неколку наврати имаа водство и од четири голови разлика, за на крајот да слават триумф со резултат 31:28. Единствениот вардарец во составот на Хрватска, Игор Карачиќ беше стрелец на 4 погодоци.