Големиот проект на Ракометниот клуб Вардар, ракометната вардарова “Јуниор лига“ зад себе има успешни три сезони. Во истата настапуваат екипите од регионалните школи на црвено-црните низ земјава. Овој викенд поточно, во недела, на 28.октомври запонува новата четтврта сезона од истата.
Првото коло ќе се игра во малата сала при Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје. На програмата ќе бидат шест напревари, еден женски кај генерација 2006/2007 и еден машки во истата категорија, кај момците ќе се игра и во генерација 2008/2009. Три натпревари ќе се играат кај најмладите родени 2010 и помали кои играат во мешани тимови. Дуелите запонуваат во 10-00 часот и ќе трајат се до 14-00 часот. Распоредот за дуелите ќе го објавиме во текот на утрешниот ден.