Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез со Поповски и Стоилов на списокот од 16 момци за вечерашниот дуел со Романија
Гонзалез со Поповски и Стоилов на списокот од 16 момци за вечерашниот дуел со Романија

Гонзалез со Поповски и Стоилов на списокот од 16 момци за вечерашниот дуел со Романија

Поранешниот вардаров тренер, селекторот на сениорската  репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез го одреди финалниот  состав за мечот со Романија. Шпанецот   ги одбра 16.ракометари кои ќе  настапат на вечерашниот дуел во СЦ „Борис Трајковски“.

Ова е прва средба од  бараж двомечот  за пласман на Светското првенство  против романците. На скратениот список имаше место и за нашиот капитен Стоилов Столе  и младото вардарово крило Мартин Поповски. Натпреварот е закажан  во 20:30 часот, а пак реванш средбата ќе се игра за три дена во Романија.

666