Од Фудбалската Федерација на Македонија објавија дека исто како и лани, летниот преоден рок ќе трае од 15 јуни до 31 август. Значи, Вардар ќе има период од два и пол месеци да доведе нови играчи, што е доста долг период.
Иако летниот преоден рок започнува за пет дена, голем дел од прволигашите веќе се засилија со голем дел на нови играчи. Кога станува збор за Вардар, нашиот тим сеуште нема потврдено ниту едно летно засилување, а се шпекулира со голем број на имиња од странство, но и домашни играчи.