Од утре Вардар М12 ќе ја започнат финалната битка за шампионската титула. Учество на завршниот турнир ќе земат екипите на МЗТ Скопје Аеродром, кој е актуелен шампион во оваа возрасна категорија, Вардар 1, Вардар 2, Дино Баскет, Водњански Лисици, Спортисимо Бакет, Академија ФМП и Баскет Кам.
Првиот ден (понеделник, 11. јуни) ќе се одиграат четири натпревари, во спортската сала „Независна Македонија“ при основното училиште „Невеа Георгиева – Дуња“ во скопската општина Кисела Вода. Вториот (12. јуни, вторник) и третиот ден (13. јуни, среда) натпреварите од полуфиналето, натпреварот за трето место и финалето ќе се одиграат во малата сала на „Кале“.