Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Собирот утре во 18 часот на тренинг кампот во Хиподром
Собирот утре во 18 часот на тренинг кампот во Хиподром

Собирот утре во 18 часот на тренинг кампот во Хиподром

Фудбалскиот тим Вардар утре и официјално ќе означи старт на летните подготовки. Утрешната прозивка е закажана за 18 часот на тренинг кампот во Хиподром, каде тренерот на Вардар, Бобан Бабунски заедно со неговиот дополнет стручен тим ќе прозива и ќе започне со полесни тренинзи.

Сега за сега, во Вардар нема официјални нови имиња, но на утрешната прва прозивка се очекува некој карти да бидат отворени и да се појават неколку нови играчи.

Вардар во Скопје ќе тренира до среда, а потоа ќе замине во Словенија во местото Зрече во хотелот „Витал“.