Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Марко Станковски: Успехот е огромен и тешко дека некој во наредните сезони ќе го повтори
Марко Станковски: Успехот е огромен и тешко дека некој во наредните сезони ќе го повтори

Марко Станковски: Успехот е огромен и тешко дека некој во наредните сезони ќе го повтори

Помладите пионери на ФК Вардар беа најпријатното изненадување за сезоната која помина, во повозрасните младински категории на клубот. Тие беа единствената генерација која успеа да стане шампион на Македонија и единствената екипа која донесе трофеј во витрините на клубот. Избраниците на Рап-Тап сезоната ја завршија со 22 победи, 4 нерешени резултати и само еден пораз. Започнаа со Љупчо Марковски на клупата, кој по само три кола беше заменет од Сашо Тодоровски, кој успеа да направи голем успех со екипата. За успешната сезона голема заслуга има целиот тим, на чело со голманите, Марко Станковски и Матеј Величковски. Токму во следново наше интервју можете да прочитате дел од впечатоците на Станковски, за сезоната која помина со помладите пионери.

-Очекувањата секако беа да атакуваме на првото место без разлика што предходните 2 години немавме и малку среќа во финалињата. Сезоната ја започнавме со тренерот Љупчо Мрковски-Калц победнички, за месец дена добро се вклопивме со него. Потоа не превзема тренерот Рап-Тап, со него продолживме уште помотивирано, а и брзо се воигравме.

35026595_1793340524056722_655006250924244992_n

Вардарци имаа само еден и единствен пораз и тоа оној во заостанатото коло од екипата на Ренова, кога на гостински терен бевме принудени да играме со играч помалку уште од 3 минута на натпреварот. Сепак тоа не го намалува успехот на оваа генерација.

-Малку недостасуваше сезоната да ја завршивме перфектно без пораз, но и овој успех е огромен и тешко дека некој во наредните сезони ќе го повтори. Успехот се должи на големата посветеност, а и целата екипа сме како едно семејство.

Црвено-црните имаа шанса да играат и во финалето на купот, во кое не се пласираа само поради поголемиот број постигнати голови на гостински терен, во полуфиналето бевме елиминирани од екипата на Работнички.

-Во полуфиналето на купот првиот меч го изигравме под нашите можности, а противникот тоа го искористи. Веќе во реваншот стиснавме заби, постигнавме гол но поради гол предноста во гости го пропуштивме финалето. На крај можам да кажам дека сум пред се презадоволен од целата екипа, бидејќи успехот е тимски.

34790653_1793340820723359_4625327873941569536_n

Звонко Ивановски