Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фудбалерот за врска Филип Најдовски, е нов член на Вардар
Фудбалерот за врска Филип Најдовски, е нов член на Вардар

Фудбалерот за врска Филип Најдовски, е нов член на Вардар

Денес ФК Вардар го презенираше јавно првото засилување за новата сезона, станува збор за фудбалерот за врска Филип Најдовски. Овој 25-годишниот играч пристигна во нашиот клуб од тимот на Победа Прилеп. Тој е поранешен член на младинската репрезентација на Македонија, кога селектор беше токму сегашниот шеф на стручниот штаб Бобан Бабунски.

Договорот на Најдовски со „црвено-црните“ е на една година, со можност за продолжување на соработката и во следните две.

„Вардар е најголем клуб во Македонија, чест и привилегија е да се биде дел од овој тим. Идната сезона очекувам да се бориме да ја вратиме титулата онаму каде што припаѓа, и да ја освоиме двојната круна. На Вардар секогаш му доликува да се бори да биде најдобар во секоја конкуренција.Очекувам да се наметнам во екипата, и да ја оправдам укажаната доверба. На подготовките секој ќе ја добие шансата, и очекувам да ја искористам. Потоа не очекуваат натпревари во Лигата на Европа. Секако дека посакувам да го повториме минатосезонскиот успех, и да се пласираме во групната фаза ако е можно. Тоа би било одлично- изјави новиот играч Најдовски.

17728-filip-najdovski-e-nov-igrach-na-vardar

Toj очекува брзо да се вклопи во новиот клуб, со оглед дека со добар дел од играчите се знае, а соработувал и со шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски.

„Бевме заедно во младинската репрезентација, имам многу високо мислење за Бабунски. Добро го познавам него, и тој мене, а сум бил заедно и со неколку играчи. Тоа ќе ми помогне побрзо да се вклопам во новата средина- вели Најдовски.