Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Капитенот Стоилов: Не сакав да ни падне ПСЖ, кога веќе сме во Келн да се вратиме со пехар
Капитенот Стоилов: Не сакав да ни падне ПСЖ, кога веќе сме во Келн да се вратиме со пехар

Капитенот Стоилов: Не сакав да ни падне ПСЖ, кога веќе сме во Келн да се вратиме со пехар

Вардар го доби ривалот во полуфиналето на Ф-4 турнирот во Келн, шпанска Барселона. Вардарци ги чека тежок дуел на 3-ти идниот месец со почеток во 18-00 часот. Сепак вардарци ветуваат дека нема да одат само за да ги гледаат натпреварите.  Свое видување на противникот и тоа што му било желба да се одбегне во ждрепката за полуфиналното соочување даде и капитенот и  играч на РК Вардар,  Стојанче Стоилов  кој изјави:

Сите четири екипи имаат скоро подеднакви шанси. Јас лично не сакав да се падне единствено Парис СЖ, а ако веќе играме против нив да играме во големото финале на завршниот турнир во Келн.
Ние ја добивме екипата на Барселона за противник, ги познаваме многу добро играчите на нашиот ривал, имаат добар тренер и квалитетни ракометари.
Мораме да се добро да се подготвиме и  психички и физички. Кога сме веќе таму на завршниот турнир да се обидеме да го освоиме трофејот
- изјави Стоилов.