Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Одреден точниот термин! Вардар-Барса 18-00 часот, 3-ти јуни
Одреден точниот термин! Вардар-Барса 18-00 часот, 3-ти јуни

Одреден точниот термин! Вардар-Барса 18-00 часот, 3-ти јуни

Вардар утрово го доби ривалот во полуфиналето на завршниот Ф-4 турнирот во Келн, станува збор за  шпанска Барселона. Сите се свесни дека не очекува тежок дуел, но ние не се пласиравме на овој завршен турнир за да биде само екипа која ќе го пополни бројот, туку ќе атакуваме на пехар храбро во првот меч, и со божја помош и во вториот се надеваме финалниот.

Кратко по ждрепката беше одредена саатницата за нашиот настап во полуфиналниот натпревар на Ф-4 турнирот во Келн. Натпреварот со Барселона ќе го играме   на 3 јуни со почеток во 18-00 часот по македонско време. Дуелите на најдобрите четири како и досегашниот тек од сезоната ќе може да се проследат на ТВ-екраните. Преноси од истиот ќе врши МТВ која ги има правата за оваа европска ракометана машка лига.